Јувентус ги купува сите отпишани фудбалери од Премиер-лигата

Италијанскиот великан Јувентус и дефинитивно е дека уште во јануари ќе ги засили своите редови како би можел на вистински начин да го предизвика Интер во борбата за титулата во Серија А.

Откако веќе некое време со трансфер во клубот од Торино се поврзува Џејдон Санчо, на мета на Масимилијано Алегри е уште еден отпишан фудбалер од Премиер-лигата.

Се работи за Калвин Филипс кој иако беше најавен како големо засилување за Манчестер сити по неговото доаѓање од Лидс јунајтед, едноставно не се снајде на „Етихад“, што доведе до тоа да го изгуби и статусот на англиски репрезентативец.

Се вчитува...