Лучијано Спалети стана почесен граѓанин на Неапол

Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација Лучијано Спалети денеска стана почесен граѓанин на Неапол. Тој ја доби оваа почест откако минатата сезона успеа по пауза од 30 години да му донесе титула на Наполи во Серија А.

Под водство на Спалети, Наполи ја освои шампионската титула во Серија А со клупски рекорд од 90 освоени бодови, а дел од тимот беше и еден од најдобрите македонски фудбалери Елиф Елмас.

Се вчитува...