ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА – Санчез прекина неверојатна низа

Дерби натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Челси на „Олд Трафорд“ заврши со победа на „црвените ѓаволи“ од 2-1 во меч во кој видовме бројни атракции, а меѓу нив се најде и голманот на „сините“ Роберт Санчез кој беше на врв на својата задача и покрај поразот.

Санчез го заврши натпреварот со седум одбрани, а една од нив беше и пеналот на Бруно Фернандеш. Шпанецот добро го процени обидот на Португалецот, а со одбраната стави крај на серија од 32 последователни реализирани пенали во Премиерлигата. Последен кој промаши обид од белата точка беше Ерлинг Халанд на средбата против Шефилд Јунајтед во месец август.

Се вчитува...