Литванскиот претставник во Евролигата, Жалгирис се соочува со огромен проблем откако остана без услугите на уште еден кошаркар. Станува збор за искусниот Лукас Лекавичиус кој ќе биде надвор од теренот во следниот месец поради повреда.
Дваесетидеветгодишниот репрезентативец на Литванија на средбата против Алба Берлин се пожалил на болки во стомакот по што е утврдено дека станува збор за апендицит, воспаление на апендиксот поради кое мора да помине низ оперативен зафат.
Жалгирис веќе ги загуби на подолго време Брејди Манек и Арнас Буткевичиус, а тимот претрпе и големо ослабување по заминувањата на Игнас Браздеикис и Наз Митру-Лонг кои преминаа во Олимпијакос.
Another piece of bad news… 🤕 pic.twitter.com/ppX4EkF9Wm
— BC Zalgiris Kaunas (@bczalgiris) December 7, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА