Надал го најави крајот: 2024 ќе ми биде последна година во тенисот

Легендарниот шпански тенисер Рафаел Надал, најави дека 2024 година ќе му биде последната во која ќе се занимава со професионално играње на тенис, и потоа веројатно ќе следува крај на кариерата.

Шпанецот после една година се враќа на терените, откако паузираше поради повреда на колкот, и неговиот прв настап ќе биде во Австралија на почетокот на идната година.

„Често мислев дека нема смисла повторно да се натпреварувам. Се борев и ја одржував илузијата цело време. Имав вистински луѓе околу себе, како и секогаш во текот на мојата кариера. Луѓето кои сакаат да ме видат како играм, имаа влијание“, рече Надал и потоа кажа дека идната година ќе му биде последната.

„Постојат добри шанси 2024 да ми биде последна година, без сомневање“.

Се вчитува...