Борусија Дортмунд е елиминирана од Купот на Германија, откако вчера загуби на гостувањето кај Штутгарт со 2-0. „Милионерите“ имаа големи шанси да го освојат ова натпреварување, со оглед на фактот дека ниту Лајпциг, ниту Баерн Минхен не се повеќе во битка за овој трофеј, но сега испаднаа и ќе мора целосно да се фокусираат кон Бундеслигата и кон Лигата на шампионите.
Но, покрај поразот, на мечот со Штутгарт, „милионерите“ останаа и без неколку играчи. Јулијан Рајарсон го повреди коленото, а по натпреварот беше виден на патерици. Се препоставува дека десниот бек е загубен до крајот на годината.
Напаѓачот Јусуфа Мукоко беше заменет по само 24 минути, додека Волф беше заменет на полувремето поради проблемите со зглобот. На повреда се пожалил и Марсел Сабицер.
За следниот меч со Лајпциг, Дортмунд нема да може да смета на Зиле, Реина и Алер, кои не се во комбинација поради повреди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

