Брозовиќ по шест месеци се враќа во Европа?

Многумина играчи изминатото лето се решија да заминат во Саудиска Арабија. Особено оние кои се пред крајот на кариерата, а на таков чекор се реши и хрватскиот репрезентативец Марсело Брозовиќ.

Меѓутоа после само шест месеци, можно е да се откаже од милионите во Ал Наср, и да се врати во Европа. Турски Галатасарај покажува интерес за него, и би можел да го ангажира ако пропадне можноста Матео Ковачиќ да дојде како позајмен во Истанбул.

Варијантата за Ковачиќ е малку веројатна, со оглед дека ќе му треба на Пеп Гвардиола во тешките битки во Англија и во Лигата на шампионите, па затоа Галата ќе се сврти кон Брозовиќ. Турскиот гигант ќе се обиде да го ангажира како позајмен до крајот на сезоната.

Се вчитува...