Силјановски: Да дадеме максимум за позитивен резултат од Струга, а потоа да се направи анализа што и како понатаму

Брегалница во недела гостува на шампионот Струга ТЛ во последното есенско коло од Првата македонска фудбалска лига.

Штипските „сини“ имаат три едноподруго натпревари без пораз, со три ремија со Шкендија, Воска Спорт и АП Брера, па сигурно посакуваат со позитивен резултат да ја завршат оваа есен.

„Играме добро последните неколку натпревари, но никако да дојдеме до трите бода, а во фудбалот се памети само резултатот. За нас секој бод е важен и потребен, па така во недела сите на терен со максимална ангажираност да се вратиме од Струга со позитивен резултат“ – вели капитенот Горан Силјановски, и дополнува:

„Мометално сме фокусирани само на натпреварот што не очекува во недела во Струга. Тоа е последен натпревар од есенската полусезона, па после него треба стручниот штаб и управата да направат длабинска анализа што и како понатаму“.

Изгледот на табелата не е во прилог на Брегалница. Но, првенството е прилично изедначено. Дали според играта Брегалница заслужи да биде при дното на табелата, и какви се очекувањета и плановите за пролетниот дел од шампионатот?

„Како што кажав, играме добро, но се памети резултатот, а ние есенва изгубивме премногу бодови од ситници кои ни се повторуваат. Мораме да ја прифатиме ситуацијата во која се наоѓаме и во недела сите да дадеме максимум на терен, а после тоа ќе имаме доста време да ги санираме грешките кои ни се повторуваа, се со цел да влеземе подготвени и да бидеме многу подобри во вториот дел од првенството“ – вели Силјановски.

Се вчитува...