Сон го откри најголемиот проблем на Тотенхем: Ние напаѓачите сме виновни за поразите!

И покрај водството по првото полувреме, Тотенхем доживеа неочекуван пораз од 1-2 синоќа од Вест Хем, за продолжување на негативната серија во Премиерлигата.

Тотенхем на последните пет натпревари е со четири пораз и освоен само еден бод на дербито со Манчестер Сити. Капитенот Хеунг-мин Сон вели дека овие порази се крајно неприфатливи.

„Загубивме и тоа е неприфатливо. Мора веќе еднаш како фудбалери да преземеме одговорност. Мислам дека главниот проблем е кај нас офанзивните фудбалери, бидејќи испуштивме многу шанси да го решиме победникот уште пред да се случи пресвртот“ – вели корејскиот репрезентативец.

Интересно, Тотенхем беше на водечката позиција по првите десет кола во Премиерлигата, а сега е со дури девет бода заостанување зад лидерот Арсенал.

Се вчитува...