„Златна Олимпија“ за Божидар Маљковиќ, Дики Бојаџи со награда за заслуги во спортот

Во свечената сала во Собранието на Република С. Македонија се оддржа годишниот Самит на спортските новинари на југоисточна Европа.

На самитот беа опфатени повеќе теми за дискусија меѓу кои како поважни би ги издвоиле за безбедноста на спортските натпревари, новиот закон за спорт, работа со младите категории, странските искустви и др.

Собирот започна со свечено доделување на наградата за заслуги во спортот на Дики Бојаџи. Наградата ја врачи Министерот за внатрешни работи на Република С. Македонија, г-динот Оливер Спасовски.

По оваа свеченост, Претседателот на МОК, Даниел Димевски му го додели високото признание на МОК, “Златна Олимпија” на претседателот на Олимпискиот комитет на Србија (ОКС), Божидар Маљковиќ за неговиот придонес во развојот на Олимпизмот и спортот. МОК и ОКС имаат долгогодишна блиска соработка, која е интензивирана во пресрет на ОИ Париз 2024.

Инаку, Претседателот на ОКС Божидар Маљковиќ минатата недела влезе во Куќата на славните на шпанската кошарка. Тој има освоено четири титули Европски клупски првак, два пати е прогласен за тренер на годината во Европа (натпреварувачка сезона 1988–89 и 1989–90), два пати е прогласен за Европски тренер на годината доделен од ФИБА Баскет (1993, 1996) и добитник е на многу други национални и Меѓународни награди. Неговата ќерка Марина Маљковиќ е српски професионален кошаркарски тренер, а моментално е тренер на женската репрезентација на Србија.

Се вчитува...