Македонската женска фудбалска репрезентација до 17 години ги дозна противниците за завршната рунда во квалификациите за пласман на Европското првенство чиј домаќин идниот мај ќе биде Шведска.
Македонија се најде во групата 7 во А дивизијата заедно со репрезентациите на Полска, Данска и Шкотска.
Македонската женска кадетска репрезентација се врати во А-дивизијата, откако првата фаза од есенските квалификации ги заврши како најдобро второпласирана репрезентација во Б-сегментот. На квалификацискиот турнир што во октомври се одигра во Косово, избраничките на Милеска извојуваа убедливи победи над Грузија (5-0) и Ерменија (4-0), а загубија минимално (1-2) од домаќинот.
Пласман на Европското првенство во Шведска ќе обезбедат првопласираните репрезентации од седумте квалификациски групи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА