Левандовски: Подготвен сум да играм на високо ниво 3-4 години

Напаѓачот на Барселона и на полската репрезентација Роберт Левандовски, изјави дека би можел да игра фудбал до својата 40-та година.

Тој кажа дека и натаму има желба, страст и дека е способен да игра на врвно ниво и во следните 3-4 години. Исто така кажа дека не планира да стане тренер во иднина.

„Имам чувство и имам страст во мене, и мислам дека сум целосно способен физички да играм уште три или четири години“, рече 35-годишниот Полјак.

Оваа сезона напаѓачот не блеска, и има само седум гола во 13 натпревари во Ла Лига.

„Не сум загрижен. Чувствувам дека сум на вистинско место во вистинско време“, рече Левандовски.

Се вчитува...