Ракометарите на Струга се пласираа во следната фаза во националниот Куп на Македонија откако денеска во првото коло од ова натпреварување без поголеми проблеми славеа на гостувањето кај струмички Астраион со 18-25.
Гостите уште од самиот старт беа подобар противник па на полувреме заминаа со позитива од три гола 11-14. Во вториот дел само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 18-25.
Ненад Костоски со девет погодоци беше прво име кај победникот, додека кај поразените недоволни беа 10 гола на Васе Наков.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА