Белгија, Германија и Холандија ќе се кандидираат за женскиот Мундијал во 2027 година

Белгија, Германија и Холандија поднесоа заедничка кандидатура за домаќин на Светското првенство за жени во 2027 година.Нивни конкуренти ќе бидат Бразил, кој ја поднесе својата кандидатура минатиот месец, а веројатно и Соединетите Американски Држави и Мексико, кои изразија интерес за заедничка организација на турнирот.

Јужна Африка поднесе, а потоа ја повлече кандидатурата, а од Фудбалската федерација на оваа земја изјавија дека повторно ќе се пријават за турнирот во 2031 година „кога ќе бидат подготвени“.

Фудбалскиот сојуз на Холандија потврди дека трите асоцијации преговараат за заедничка понуда од 2021 година. Крајниот рок за поднесување апликации е петок. Финалните проверки ФИФА ќе ги изврши во февруари, а во мај ќе објави кој ќе биде домаќин.

Се вчитува...