Руските спортисти ќе може да учествуваат на ЛОИ во Париз

Руските и белоруските спортисти ќе се натпреваруваат во поединечна конкуренција како неутрални на Олимписките игри во Париз, соопшти Меѓународниот олимписки комитет.

Тие ќе се натпреваруваат како неутрални, без знамиња, национални амблеми и химни. Светлосините униформи се задолжителни според правилата на Меѓународната гимнастичка федерација.

Русија и Белорусија нема да се натпреваруваат во екипни спортови во Париз. ИОК посочи дека дозволата за учество на поединци на Игрите е „почитување на човековите права“.

Досега на Игрите во Париз се пласираа осум руски и тројца белоруски спортисти.

Се вчитува...