Мајк Џејмс го предводеше Монако до победа на тешкото гостување против Жалгирис (79-83), меч на кој американскиот поентер успеа да испише историја искачувајќи се на третото место на листата на најдобри стрелци во Евролигата.
Тој уште во првото полувреме успеа да го мине Хуан Карлос Наваро, кој имаше 4.152 поени во кариерата во Евролигата. Пред Џејмс на оваа ранг-листа сега се наоѓаат само уште Нандо де Коло со 4363 и Василис Спанулис, кој се ноаѓа на врвот со 4.455 поени зад своето име.
Мајк Џејмс беше најефикасен на натпреварот со 25 поени и осум скокови, Блосомгејм имаше 13 поени, додека кај Жалгирис најефикасни беа Димса со 14 и Смитс со 13 поени и 11 скокови.
Олимпијакос рутински ја оправда фаворитската улога на домашен терен против Баерн Минхен, триумфирајќи со 77-69. Грчкиот гигант целата работа ја заврши уште во првиот период во кој имаше и „плус 20“ (36-16), гостите успеаја да ја намалат негативата, но победата заслужено му припадна ан домашниот тим. Вокап беше најдобар поединец со 14 поени и 7 асистенции, Питерс имаше 14 поени и седум скокови за Олимпијакос, додека најефикасен кај Баерн беше Едвардс со 11 поени.
Congrats @TheNatural_05 👏
The 𝙪𝙡𝙩𝙞𝙢𝙖𝙩𝙚 𝙨𝙘𝙤𝙧𝙚𝙧 is now 3rd ALL-Time in points scored 💰 #EveryGameMatters pic.twitter.com/S4fdcbG49W
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) December 8, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА