На легендарната тенисерка Крис Еверт повторно и беше дијагностициран рак на јајниците. Таа во петокот објави дека започнала нова рунда на лекување и затоа нема да биде на Австралија Опен во улога на аналитичар.
„Иако ова е дијагноза што никогаш повеќе не сакав да ја слушнам, повторно сум среќна што ја приметивме во рана фаза“, рече Еверт.
Еверт беше оперирана минатата недела и сега ќе оди на хемотерапија. Освојувачката на 18 гранд-слем титули изјави дека ќе биде подготвена за другите големи турнири. На Еверт првпат и беше дијагностициран рак во 2021 година, а во јануари годинава објавила дека е излечена. Во 2020 година, нејзината сестра почина од рак на јајниците.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

