Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер се надева дека Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал ќе бидат уште некое време на турнејата.
Федерер смета дека тоа е добро за „белиот спорт“, а на двајцата големи ривали им посака и среќа. Роџер против Надал има скор 16-24, додека против Ѓоковиќ 23-27.
„Имав навистина среќа да играм против нив 40-50 пати, така што имам многу спомени од тие големи натпревари. Толку пати одговарав на прашања за нив и можам да го кажам само најдоброто. Беше одлично да делам теренот со нив толку многу години.Се надевам дека Рафа ќе се врати силен следната година и се надевам дека Новак ќе може да игра колку што сака, бидејќи е добро за играта што овие момци се уште се тука“, изјави Федерер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

