Стевковски ги „чува лавовите“ од негатива на полувреме против Гостивар

Гостивар и Македонија Ѓорче Петров играат без голови 0-0 на полувреме во последниот меч за двата тима во оваа 2023 година, како дел од 18. рунда во Првата македонска фудбалска лига.

Дефинитивно фудбалер број еден по првите 45 минути беше голманот на гостите Христијан Стевковски кој е најголем виновник за тоа што неговиот тим немаше негатива на пауза. Искусниот голман успеа да спречи четири чисти шанси на домашните фудбалери, меѓу кои на Кехинде и Атиемвен.

ПМФЛ 18. КОЛО: 

ГОСТИВАР – МАКЕДОНИЈА ЃП 0-0

УТРЕ: 13.00 

АП БРЕРА – ШКУПИ 

ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС 

СТРУГА ТЛ – БРЕГАЛНИЦА 

ВАРДАР – ТИКВЕШ 

ВОСКА – РАБОТНИЧКИ 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...