Осака: Сакам да освојам уште гранд-слем трофеи

Јапонската тенисерка Наоми Осака има големи амбиции околу продолжувањето на кариерата откако стана мајка.

Јапонката двапати ги освои Австралија Опен и УС Опен, но никогаш не успеа да го помине третото коло на Ролан Гарос и Вимблдон.

„Сакам повеќе гранд-слем титули. Ќе се обидам да бидам подобра на Ролан Гарос и Вимблдон, а мојата голема цел се Олимписките игри во Париз. Ја сакам одговорноста да се грижам за Шаи (ќерка и) и да сакам да и го покажам светот. Чувствувам дека играм за неа“, изјави Осака.

Отвореното првенство на Австралија започнува на 14. јануари.

Се вчитува...