Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта денеска потврди дека клубот ќе направи се Жоао Кансело и Жоао Феликс да бидат постојани членови на тимот на Чави.
Португалците се на позајмица од Манчестер Сити и Атлетико Мадрид, а Лапорта за „Ас“ потврди дека клубот наскоро планира да започне преговори околу нивните откупувања.
„И Кансело и Феликс покажаа дека имаат иднина во клубот и дека сакаат да останат дел од Барселона, а исто така и ние. Имаме одлични односи со Атлетико и Манчестер Сити и наскоро ќе започнеме преговори за нивно откупување “, изјави Лапорта.
Според проценките на шпанските новинари, на Каталонците ќе им биде полесно да се договорат со „нивниот“ Пеп Гвардиола околу купувањето на Кансело, отколку со Атлетико Мадрид за Жоао Феликс. Се претпоставува дека Сити ќе го продаде португалскиот дефанзивец за 25 милиони евра, додека Атлетико нема да се согласи да го продаде напаѓачот за помалку од 40 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

