Македонија ЃП: Време е за оставки!

Фудбалерите на Гостивар славеа со 1-0 против Македонија ЃП во меч од последното 18. зимско коло во Првата македонска фудбалска лига. Клучниот момент во мечот се случи во 90. минута кога Кехинде од пенал донесе три бода за Гостивар. Гостите се незадоволни бидејќи само минута порано, над Пецов не беше санкциониран чист пенал.

Од таборот на прволигашот бараат оставки во структирите на судиската организација…

„Не е само Стојанче Стојанов виновник за ваквите ситуации во 1 МФЛ. МАРЈАН РИСТЕСКИ и оваа СУДИСКА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ФФМ се поголеми виновници и воедно потврдија дека се најслабата судиска во историјата на ФФМ, без никаков авторитет. МАРЈАН РИСТЕСКИ и ДИМИТАР МЕЧКАРОВСКИ време е за оставки“, истакнаа од Македонија ЃП.

Се вчитува...