Уште еднаш по кој знае кој пат се покажа дека Томас Тухел е еден од најпрецентите тренери на денешницата. Човекот кој лани само благодарение на Борусија Дортмунд некако стигна до титулата во Бундеслигата, очигледно е дека годинава ќе мора да се прости од неа.
Баерн Минхен вечерва доживеа вистински срам на гостувањето кај Ајнтрајт Франкфурт каде загуби со убедливи 5-1. Стрелци на головите за домаќините беа Дина Ебимбе на двапати, Ларсон, Мармуш и Кнауф. Единствениот погодок за Баварците беше дело на Кимих.
Eintracht Frankfurt [5] – 1 Bayern Munich – Ansgar Knauff 62'
byu/Previous-Success8007 insoccer
Во останатите мечеви: Хајденхајм – Дармштад 3-2, Унион Берлин – Борусија М. 3-1, Вердер – Аугзбург 2-0 и Волфсбург – Фрајбург 0-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

