Бормут го понижи Јунајтед на „Олд трафорд“ (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед се врати на поразите во домашниот шампионат откако денеска беше шокиран на домашен терен од Бормут (0-3) во меч од 16. коло во Премиер-лигата.

Гостите поведоа со 0-1 со погодокот на Соланке во 5. минута. На 0-2 зголеми  Билинг во 69. минута, додека конечните 0-3 беа дело на Сенеси во 73. минута. До крајот срамот можеше да биде и поголем, но по преглед со ВАР во 92. минута поради играње со рака беше поништен голот на Оутара.

Manchester United 0 – [2] Bournemouth – Philip Billing 68′
byu/PSGCampus insoccer

Во останатите мечеви: Брајтон – Барнли 1-1, Шефилд – Брентфорд 1-0 и Вулверхемптон – Нотингем Форест 1-1.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...