Херојот на Ливерпул: Салах многу влијае на мене, целта сезонава е титулата

Фудбалерите на Ливерпул избија, барем привремено, на врвот на табелата во Премиер-лигата. Избраниците на Јирген Клоп ја постигнаа 11. победа сезонава, против Кристал Палас на гостисо 1-2.

Ливерпул беше во негатива од 57. минута, но откако Џордан Ају беше исклучен во 75. минута, постигна два гола и направи пресврт. Прво, Мохамед Салах го постигна својот јубилеен, 200. гол за Ливерпул, а Харви Елиот им донесе победа на „црвените“ во првата минута од судиското надополнување.

„Мојот гол го покажува само она што го научив од Мохамед Салах. Ако зборував за ефектот што го има врз мене, ќе им здодеев на сите. Одиме во вистинската насока. Се разбира, има уште многу да се игра. Мораме да се погрижиме да продолжиме да освојуваме по три бода и ако на крајот бидеме претенденти за титулата, ќе одиме на тоа. Целта е да се освои Премиер-лигата“, изјави Елиот. 

Се вчитува...