По срамниот пораз на домашен терен од Феникс, кошаркарите на Работнички со стил се вратија на обврските во македонскиот шампионат, откако вечерва во 11. коло го декласираа Гостивар на гостински терен со 65-86.
Гостите од Скопје почнаа фуриозно уште од самиот старт, па веќе по десет минути игра имаа двоцифрена предност 15-25. Домаќините одиграа подобро во вториот период, па на пауза заминаа со само минус седум 38-45. Сепак, центарци во второто полувреме одиграа неверојатно и на крајот тоа беше и повеќе од доволно за конечен триумф од 65-86. Најдобар поединец кај победникот беше Роберт Рикиќ со 23 поени, додека кај поразените по петнаесет имаа Вилијамс и Џоунс.
До нова победа стигна и најпријатното изненадување Чаир кој славеше на гостувањето кај Охрид со 64-74. Taјри Корбет со дваесет поени и осумнаесет скока беше прво име кај победникот, додека кај поразените Брајант Бернард заврши со 28 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА