Вака не оди: Манчестер Јунајтед прави сериозен „шопинг“ во јануари

На Манчестер Јунајтед сезонава не му оди најдобро. Иако се најавуваше битка за највисок пласман, сепак, избраниците на Ерик Тен Хаг уште од сега имаат седум порази во Премиерлигата, а во Лигата на шампионите се пред елиминација во група со Баерн Минхен, Копенхаген и Галатасарај.

Последниот пораз од Борнмут на домашен терен ја прели чашата, па челниците на овој тим и новиот сопственик Џими Ретклиф тргнуваат во сериозен шопинг во јануарскиот преоден рок.

Според информациите Јунајтед е подготвен да потроши добра сума на пари за да донесе две нови имиња. Едниот во нападот, и еден играч од средниот ред.

Така челниците на Јунајтед ќе тргнат по голгетерот на Лајпциг, Луис Опенда. Опенда изминатото лето стигна во Бундеслигата од Ленс за 40 милиони евра, а за да го доведе во своите редови, треба да плати двојно повеќе, или околу 80 милиони евра.

Вториот на листата на желби е играчот од средниот ред, Калвин Филипс. Англискиот репрезентативец не добива шанса кај ривалот од Манчестер, па така би можел да се пресели на „Олд Трафорд“.

Третиот кој би требало да дојде во Манчестер е Донјел Мален од Борусија Дортмунд. Тој ќе биде дел од размената која ја планираат двата клуба, односно Санчо да се врати во Дортмунд, а Мален да замине во Премиерлигата.

Се вчитува...