Легендарниот италијански дефанзивец Џорџо Кјелини, можеби ќе се прости од фудбалот по поразот во финалето во плеј-офот во МЛС Лигата. Неговиот тим загуби од Колумбус, и така остана без титулата, а Италијанецот најави пензионирање.
Кјелини рече дека сега ќе замине во Италија и ќе размисли за се, а потоа ќе ја соопшти конечната одлука.
„Беше тоа убаво патување. Реков дека една од екипите мора да загуби. Што се однесува до мене, можеби ова ми беше последен меч. Бев многу концентриран на неа. Сега треба да уживам со семејството, да се вратам во Италија и да донесам конечна одлука. Не сакам нешто да одлучам, а потоа да ја сменам одлуката“, рече после финалето италијанскиот стопер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

