Атлетико не блескаше, но ја совлада Алмерија (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид ја продолжува трката по врвот на табелата, откако ја совлада Алмерија со 2-1. Тимот од Мадрид не блескаше, меѓутоа на крајот успеа да дојде до победата, благодарение на одличната игра во првиот дел.

Мората во 17. минута донесе предност, а пет минути подоцна Кореа го однесе Атлетико и до 2-0.

Во вториот дел Лео Баптистао успеа да го намали резултатот, а истиот играч имаше шанса и да израмни, меѓутоа Облак беше на вистината на задачата.

Се вчитува...