Халанд има повреда, не се знае колку ќе паузира

Стана познато зошто Ерлинг Халанд не е во составот на Манчестер Сити на средбата со Лутон. Голгетерот на Сити има повреда, и поради тоа го нема во составот на шампионот на гостувањето кај Лутон.

Тоа го потврди и Пеп Гвардиола кој непосредно пред средбата откри што се случува со неговиот голгетер.

„Ерлинг почувствува болки по средбата со Астон Вила и не може да игра. Не знам колку ќе отсуствува“, изјави Пеп.

Речиси е извесно дека Халанд ќе го нема ниту на мечот против Црвена Звезда во среда.

Се вчитува...