Баерн Минхен доживеа „дебакл“ во Франкфурт, па остана без стандарден првотимец

После големата победа на Ајнтрахт Франкфурт над Баерн Минхен од 5-1, стигна уште една лоша вест за германскиот првак. Во потрага по анулирање на водството, Тухел во 66. минута во игра го уфрли Серж Гнабри, меѓутоа крилниот фудбалер само пет минути подоцна мораше да го напушти теренот поради повреда.

Според последните информации, Гнабри заработил повреда на тетивата во адукторот, и ќе пропушти неколку натпревари.

Но, не му е тоа прва повреда во текот на сезоната, имајќи во предвид дека пропушташе и некои други мечеви поради проблем со колкот и подлактицата, но и поради настинка. Одигра само на 11 меча оваа сеозна.

Тоа е нов проблем за „Баварците“ пред натпреварите со Јунајтед во Лигата на шампионите на „Олд Трафорд“, а потоа следуваат мечеи со Штутгарт и Волфсбург во Бунддеслигата.

Се вчитува...