Тотенхем во голем стил против Њукасл се врати на победите (ВИДЕО)

После серијата од пет натпревари без победа, екипата на Тотенхем со убедлив триумф над Њукасл од 4-1 се врати на победничките патеки. Тимот на Анге Постекоглу во голем стил успеа да им се врати на победите, додека Њукасл го запиша и вториот пораз по ред, после оној од Евертон пред неколку дена.

Во голема мера Тотенхем ја реши победата уште по првиот дел. Удоги во 26. минута по асистенција на Сон успеа да донесе предност за домашните. Во 38. минута повторно Сон во улога на асистент, овојпат до Ричарлисон за 2-0.

Ричарлисон во 60. минута по асистенција на Поро донесе 3-0, а потоа двојниот асистент Сон стрела во мрежата во 85. минута со гол од пенал за 4-0.

Пред последниот свиреж Жоеилтон само успеа да го ублажи поразот на 4-1.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...