„Нула“ на Келн и Мајнц

Во последниот натпревар од 14. коло во Бундеслигата, Келн и Мајнц освоија по еден бод играјќи без голови. Иако Мајнц имаше подобри шанси во текот на мечот, сепак, на крајот не успеа да постигне гол и да дојде до победата.

Така и двата тима не „мрднаа“ погоре на табелата, односно останаа на 16 и на 17 позиција, и ќе водат жестока битка за опстанокот оваа сезона.

Мајнц и натаму останува екипата со најмал број на победи во досегашниот тек во Бундеслигата (само една), додека Келн има две победи, и ова за нив беше четвртото „реми“.

Се вчитува...