Гвардиола пред казна: Му се заканувал на четвртиот судија и ги провоцирал навивачите на Лутон

Манчестер Сити потешко од очекувањата, и со пресврт успеа да дојде до победата на гостувањето кај Лутон во натпревар од 16. коло во Премиерлигата.

Лутон поведе во самата завршница на полувремето, откако Адебајо со глава успеа да донесе предност, но во вториот дел за само три минути пресврт преку Силва и Грилиш за конечни 2-1.

На навивачите на Лутон им пречеше однесувањето на Пеп Гвардиола и барале да биде суспендиран поради неколку испади за време на натпреварот. На полувремето дојде до четвртиот судија и му се заканувал, а потоа кога Сити го постигна вториот гол, тој со бакнежи гесикулирал кон навивачите на Лутон.

Се вчитува...