Дуро: Не сум среќен што победивме пред крајот, требаше мечот да го решиме порано

Екипата на Струга ТЛ и официјално ќе презими на првото место на табелата. Со победата над Брегалница денеска, шампионот ја одбрани есенската круна од минатата сезона, и заминува на зимската пауза на чело на табелата, пред пролетниот дел кој стартува во февруари идната година.

Тренерот на лидерот Шпетим Дуро не е задоволен од фактот што неговата екипа дури пред самиот финиш од мечот ја обезбеди победата против Брегалница.

„Не сум среќен што победивме на крајот од мечот, затоа што тоа беше натпревар кој мораше да го решиме многу порано со многуте шанси кои ги имавме. Сепак, ова се и убави победи“, рече Дуро.

Тој направи еден експеримент, со тоа што го стави Георгиевски на стоперската позиција.

„Отсуствата на Радиќ и Незири ме натераа да барам алтернатива. Првпат беше во ваква улога, а во истата одлично се снајде. Задоволен сум и од неговиот настап, и од тимот во целина“, вели Дуро.

Се вчитува...