Екипата на Жирона покажува дека досегашните одлични резултати не се случајност со победата над Барселона и тоа на нејзин терен со 2-4. Со тоа оваа екипа која никој не ја очекуваше во горниот дел на табелата се врати на првото место остварувајќи ја 13. победа.
Уште во 12. минута Довбик најави дека Жирона е дојдена по бодовите во Барселона. Меѓутоа во 19. минута Левандовски израмни, и ги врати работите од почеток. Гостите дојдоа до ново водство преку Гутиерез во 40. минута од средбата.
Во вториот дел целосна доминација на Барселона во обид да дојде до израмнување, а потоа и до победа, но наместо тоа, нов „шок“ за домашните навивачи. Валери во 80. минута донесе 1-3 за Жирона, и дефинитивно ја најави победата. Во 92. минута Гундоган успеа да донесе надеж, но Стуани во 95. минута ги згасна сите надежи на домашниот тим да го избегне поразот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

