Сензацијата во шпанското првенство, екипата на Жирона се врати на првата позиција на табелата со два бода предност пред второпласираниот Реал Мадрд откако славеше на гостувањето кај Барселона со 2-4 во 16 коло од Ла Лига.
Тренерот на Барселона по натпреварот не го криеше разочарувањето од загубениот натпревар, но беше задоволен од играта на неговите фудбалери.
„Жирона знае што прави и многу е добра во тоа. Ова беше изедначен натпревар и ќе беше заслужено доколку и ние победивме. Мислам дека имавме 31 обид кон голот. Скапо не чинеа грешките во одбраната. Имавме свои шанси за гол, но тие беа поефикасни. Ова е тежок удар за нас, но тоа е нашата реалност. Резултатот е лош, но не одигравме лошо.
Барселона е во изградба. Мора да направиме еден чекор наназад за да направиме два чекора понапред. Мислам дека во овој натпревар заслуживме повеќе, но тоа е фудбалот. Жирона има одлична екипа и прва е на табелата. Ние мора да продолжиме да се бориме“, изјави Чави.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

