Пад на тенисерите на новиот АТП ранкинг, напредок на Стоилковска

Македонските тенисери забележаа пад на најновиот АТП ранкинг. Калин Ивановски е рангиран за 16 места послабо од претходната недела и во моментот ја завзема 325 позиција, Обрад Марковски забележа пад од седум места и во моментот е на 1465. позиција, додека со пад од седум места Горазд Србљак сега е на 1054. место.

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа пак забележа пад од три места во споредба со претходниот понеделник и во моментот е на 215 место на ВТА листата.

А, единствена која напредуваше е Магдалена Стоилковска која забележа скок од 33 места и во моментот е на 1230. позиција.

Се вчитува...