Ѓоковиќ откри што го нервира најмногу кај Надал (ВИДЕО)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во опширно интервју за „60 минути“ говореше на повеќе теми, меѓу кои и за подготовките за самите натпревари, односно филозофијата пред самиот почеток на мечот.

Како пример ги издвои ритуалите на Рафаел Надал откривајќи дека истите го фрустрираат, а и покрај тоа што на почетокот на кариерата и го заплашувале, подоцна добил мотивација и самиот да докаже дека е подготвен за битка.

„Играм против Надал на Ролан Гарос, а неговата соблекувална е покрај мојата нели. Значи сме многу блиску. Се обидуваме да си дадеме еден на друг простор, но соблекувалната не е толку голема. Надал скока наоколу пред да излеземе на терен, a во соблекувалната прави спринтеви покрај тебе. Можам да му ја слушнам и музиката која ја слуша. Тоа многу ме неверира. 

На почетокот на кариерата не сфаќав како тоа да е дел од сценарио, така што се уплашив. Но, тоа и ме мотивира повеќе сам да работам и да покажам дека сум подготвен. Подготвен за битка, за војна“, откри Ѓоковиќ.

Се вчитува...