Тренерот на Жирона: Не знам дали може да ја освоиме титулата, но може да го победиме секој ривал

Жирона се врати на правата позиција во шпанското првенство откако во 16. коло забележа спектаклурана победа од 2-4 на гостувањето кај Барселона. Сензацијата на сезоната сега има два бода повеќе од Реал Мадрид кој е на втората позиција.

Тренерот Мичел не го криеше задоволството по големата победа изјавувајќи дека не знае дали неговиот тим може и до шампионскиот трофеј, но знае дека може да го победи секој ривал.

„Тоа беше фантастичен натпревар. Очекувавме дека ќе се сретнеме со големата Барселона и на моменти ја добивме, но сепак нивниот притисок не беше толку ефикасен бидејќи мораа да трчаат назад, а тоа беше наша заслуга. Многу сум задоволен. Не знам дали можеме да издржиме до крај, но овие играч испишуваат историја.

Не знам дали сме во состојба да ја освоиме титулата, но знам дека сме во состојба да го победиме секој ривал. Како што кажа колегата Чави, ние не чувствуваме притисок. Љубителите на фудбалот почнуваат да навиваат за Жирона, а тоа е заслуга на играчите“, изјави Мичел.

Се вчитува...