Шкендија есенската полусезона ја заврши на третото место во Првата македонска фудбалска лига, со минус четири бода од Струга ТЛ и со три бода помалку од Шкупи. Но, дефинитивно со оставени шанси во трката за шампионската круна до крајот на сезоната.
Сепак, тренерот на тетовци, Ардијан Нухиу вели дека никој, па ни тој, во клубот уште сега не сакаат да размислуваат за титулата до која секако има уште многу битка.
„Воопшто не сакам уште сега да зборувам и размислувам за шамионската титула. Во пролетниот дел верувам дека значително ќе ги подобриме игрите на тимот, потребни ни се и две до три квалитетни засилувања со што би заокружиле екипа за следните битки. Знам дека воопшто нема да биде лесно но силно верувам во овие момци знаејќи го нивниот карактер. Шкендија има уште многу што да каже оваа сезона во првенството“ – вели Нухиу низ краткиот осврт на првиот дел од шампионатот.
Шкендија на најдобар можен начин, со победа над Силекс, ја заврши есента и тоа треба да биде водилка за ликот на тимот и во пролетниот дел од шампионатот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

