Кошаркарите на Реал Мадрид одлично „газат“ и низ актуелната сезона во Евролигата и на домашната сцена. Но, и покрај тоа постојано со мислите се идниот изглед на тимот ако се знае дека на крајот од сезоната завршуваат договорите со Марио Хезоња и Еди Таварес.
Веќе има шпекулации за нивно заминување од клубот, но тренерот Матео сето тоа го демантира.
„Не ме загрижуваат надворешните шпекулации. Тие приказни се научна фантастика. Тоа што постојано се зборува за нив тоа е феноменално, тоа значи дека имаат одлична сезона и година, па другите клубови секако ги сакаат во своите редови. Но, за тоа се прашуваме и ние“ – вели Матео, и дополнува:
„Тие знаат дека што ние мислиме за нив, и сигурен сум дека се среќни тука во Реал, секако најдобриот клуб во светот. Знам дека ќе продолжат со својата приказна во Реал и по крајот на оваа сезона“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА