Покетино очаен: Ни требаат засилувања!

Челси загуби викендов и од Евертон со 2-0 во Премиерлигата по што сериозно е вклучен алармот во клубот од „Стемфорд бриџ“. По седмиот пораз сезонава, менаџерот Маурисио Покетино побара помош од челниците на клубот во зимскиот преоден рок.

Иако Челси изминатите три преодни рока потроши на трансфери повеќе од милијарда фунти, Аргентинецот апелира да се доведат нови засилувања.

Имаме проблем кој мора да го решиме. Мора да ја анлизираме реалноста. Мора да се засилиме во следниот преоден рок. По пет  месеци конечно мора да седнеме и да разговараме сите во клубот, па нешто да решиме“ – вели Покетино, кој помалку очајно бара засилувања, иако не сака да открие кои се негови „мети“.

„Тоа е работа за анализа со спортскиот директор и со сопственикот, па видиме што можеме да направиме и да се поправиме. Нашата реалност сега е средината на табелата. Мора да донесеме засилувања. Секако, не барам повеќе или помалку, туку да видиме што е реално да се донесе“.

Се вчитува...