Нема повеќе „Ферги тајм“ – Клоп постави нов рекорд

Ливерпул се врати на врвот на Премиерлигата откако во 16. коло славеше на гостувањето кај Кристал Палас со 1-2 и тоа по целосен пресврт изборен во судиското продолжение во кое херој на „црвените“ беше Харви Елиот.

А, голот на „џокерот“ на Клоп, на германскиот стратег му донесе и рекорд кој досега беше во сопственост на легендарниот тренер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон.

Имено, овој пресврт на Ливерпул во судиското продолжение беше 17 победа на ваков начин откако Јирген Клоп седна на „жешкото столче“ на клубот од „Енфилд“ со што е поставен нов рекорд на првенството.

Интересно, во минатото овој феномен беше познат како „Fergie time“, а сега медиумите во Англија открија ново име „Kloppage time“ користејќи ги зборовите „Stoppage time“ (продолжеток).

Се вчитува...