Манчестер Јунајтед се наоѓа пред голем предизвик пред последното коло од групната фаза во Лигата на Шампионите. На славниот англиски клуб му се заканува елиминација во европските натпревувања доколку не биде совладан Баерн Минхен од „Олд Трафорд“ во утрешниот натпревар, но според тренерот Ерик тен Хаг нема место за паника.
Холандскиот стратег на денешната пресконференција изјави дека верува во својот тим кој доколку одигра на нивото на кое е потребно може да го совлада секој противник па и Баерн Минхен кој нема пораз во групната фаза од 2017 година.
„Никогаш не мислам на негативни сценарија, секогаш мислам позитивно. Знаеме што треба да направиме, да победиме и ќе се подготвиме за натпреварот со тоа чувство, со верба дека можеме да победиме. Изминатите недели покажавме дека кога сме најдобри можеме секого да победиме „Олд Трафорд“ не е добро место за гостување. Се надевам дека навивачите ќе ни дадат голема поддршка“, изјави Тен Хаг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА