Како награда за спектаклурано загубената титула во последното коло од претходната сезона и просечната игра на Борусија Дормунд оваа сезона тренерот Един Терзиќ би можел за Нова година да добие поклон, промоција од тренерското место на местото спортски директор на клубот, пренесуваат германските медиуми.
Раководството на клубот не е импресирано од изборениот пласман во следната фаза во Лигата на Шампионите и тоа од „групата на смртта“, а сериозен проблем претставува лошата форма во Бундеслигата каде по 14 кола тимот е на петтото место на табелата.
Сепак добриот однос со извршниот директор на клубот Ханс-Јоаким Вацке и добрата работа на трансфер маркетот каде Борусија Дортмунд се воспостави како еден од најдобрите клубови во Европа можат да му донесат на Терзиќ место во тимот на уште подолги патеки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

