Неверојатен скандал ја одбележа средбата од турскиот шампионат меѓу Анкарагучу и Ризе, откако домашниот претседател Фарук Коч реши да ја земе правдата во свои раце и да се пресметка со главниот судија на натпреварот.
Домаќините беа бесни на неколку судиски одлуки, а откако примија гол во 97. минута со кој останаа без триумфот Коч влета на теренот со тупаница удирајќи го судијата Хамит Улул.
Фудбалерите беа во шок, но затоа на теренот имаше и десетина навивачи, од кои дел успеаја да стигнат до паднатиот на земја Улул, кој доби уште поголем ќотек пред да го напушти теренот.
🇹🇷 Faruk Koca, presidente del @Ankaragucu, ha agredido al árbitro tras finalizar el partido que enfrentaba a su equipo contra el #Rizespor, que ha conseguido empatar en el 90+7′. pic.twitter.com/JUI8DjwwgZ
— Mercatosphera (@mercatosphera) December 11, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА