Рекордна вечер на Богдановиќ во поразот од Јокиќ (ВИДЕО)

Српскиот кошаркар Богдан Богдановиќ ја имаше својата рекордна ноќ во НБА лигата во поразот на неговата Атланта хоукс од Денвер нагетс на Никола Јокиќ од 122-129.

Српскиот бек успеа да уфрли 40 поени со дури десет погодени тројки што е рекорд на „франшизата“ од Џорџија, но и тоа не беше доволно за победа на неговиот тим. Кај победникот Џамал Мареј уфрли 29 поени, додека Јокиќ заврши со четири помалку.

Лука Дончиќ продолжува да го води Далас маверикс кон победи во НБА. Синоќа „франшизата“ од Тексас славеше на гостувањето кај Мемфис со 113-120. Словенецот мечот го заврши со 35 поени, додека кај поразените недоволен беше 41 поен на Џерен Џексон Џуниор.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Филаделфија – Вашингтон 146-101, Орландо – Кливленд 104-94, Детроит – Индијана 123-131, Шарлот – Мајами 114-116, Њујорк – Торонто 136-130, Оклахома – Јута 134-120, Њу Орлеанс – Минесота 121-107, Милвоки – Чикаго 133-129, Хјустон – Сан Антонио 93-82, Сакраменто – Бруклин 131-118 и ЛА Клиперс – Портланд 132-127.

Се вчитува...