Организаторите на Олимписките игри во Париз го претставија својот буџет кој од 4.4 милијарди евра, вклучително и 154 милиони резерви за вонредни состојби.
Буџетот е точно 4.397 милијарди евра, што е зголемување за 17 милиони евра во однос на 4.380 евра лани. Резервата за непредвидени обврски во износ од 275 милиони евра е намалена на 154 милиони евра. Така што остануваат 121 милион евра.
Тие 121 милион евра ќе бидат наменети за плаќање на трошоци поврзани со привремена инфраструктура, дополнителни штандови, ѓпа дури и трошоци поврзани со уметничкиот дел од свеченото отворање на Сена, што ќе чини 20 милиони евра, соопштија организаторите.
Според нив, по три до четири месеци ќе се види дали сумата од 121 милион евра ќе биде доволна за сето ова или буџетот повторно ќе мора да се надополни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА