Фудбалскиот клуб Шкендија информираше по внимателна проценка и отворен дијалог постигна меѓусебен договор за прекин на соработката со тренерот Ардијан Нухиу.
Нухиу ја водеше Шкендија во есенскиот дел од сезоната во ПМФЛ каде тимот од Тетово заврши на третото место зад Струга ТЛ и Шкупи.
„Оваа одлука ја споделуваме со убедување дека во овој момент е важно да се направат промени кои ќе донесат нов дух и нова насока во нашиот тим. Благодарни сме на тренерот Нухиу и неговите стручни лица за нивниот придонес додека беа дел од нас им посакуваме успех во иднина. Продолжуваме решително, размислувајќи и реагираме, во насока на градење и обезбедување циклуси на победи во следната полусезона“, стои во соопштението на Шкендија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА